| четврток, 6 декември 2018 |

Владата со нова мерка ќе ги стимулира студентите

студенти2

Дозволете денес да соопштам дека владата планира уште една мерка која ќе ги стимулира студентите да се борат преку учење и знаење да бидат меѓу најдобрите и најквалитетните, рече премиерот Никола Груевски на Годишната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

–  Таа стимулативна мерка предвидува, за оние студенти на државните универзитети кои ќе имаат најдобар успех во студирањето, поточно кои дипломирале со просек над 9.50 на еден од првите три највиисоко рангирани универзитети во Македонија, владата секоја година ќе обезбеди наградно патување со авион во една од трите најатрактивни дестинации Парис, Венеција или Барцелона, со целосно покриени трошоци за авионски билет, покриени хотелски трошоци и исхрана. Релизацијата ќе почне од септември или октомври оваа година. Тие што најмногу ќе вложат труд и ќе покажат најдобри резултати, ќе добијат и екстра награда од владата, рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top