Со почеток во 13 часот, во СЦ Јане Сандански во Скопје, денеска ќе се одржи 24-та годишна конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. На годишната конференција на Унијата на млади сили најавени се обраќања на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и на претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Нелоски.
-Денеска е денот кој ќе ги обедини сите млади. Да си УМС е светост. Денес е денот што го чекаме цела година… Денот кога секој карактер, секоја единка, секоја генерација се спојува во едно…. Во она светото… Во ВМРО! Денес ќе ја покажеме силата, енергијата, креативноста, моќта, единството… Денес е денот кога срцето лупа во такт на УМС- велат од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, кои најавуваат дека спортската сала „Јане Сандански“ ќе биде премала за енергијата на УМС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.