| четврток, 6 декември 2018 |

Два нови случаја на заболени од ХИВ во Штип

Има два нови случаја на заболени од ХИВ вирусот во Штип, сооштија денес надлежните од штипскиот Центар за јавно здравје. Новозаболените се млади луѓе од машки и од женски пол, сексуално активни, на возраст од 21 и 34 години. Засега не се открива начинот на инфицирање. Заболените тестовите ги правеле на инфектологија во Скопје.

Бројот на заболени и инфицирани од ХИВ и од СИДА во Штип е седум, од кои двајца се починати. Тројца се носители на вирусот, а двајца се заболени од СИДА. И покрај анонимноста и загарантираната дискреција, многу малку од младите луѓе што имале ризично однесување прават тестови.
Минатата година бројот на новозаболени од ХИВ и од СИДА порасна за 30 отсто, односно беа регистрирани нови 39 случаи, од кои четири од Кочани, три од Штип и два од Свети Николе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top