Полицијата трага по Фатима Алас (38) од Јордан поради сомнение дека поголем број луѓе во Србија по сексуален пат се заразиле со ХИВ-вирусот.
Како што пишуваат српските медиуми, Фатима стигнала во Србија минатата година и веднаш поцнала да се занимава со проституција. Забележано е дека најпрво „ординирала“ во Војводина, поточно во Суботица и Кикинда каде била во прифатен центар.
Во средината на мај Фатима побегнала во белград каде продолжила да го продава своето тело.
-Полицијата добила дојава дека Фатима и покрај тоа што знаела дека има сида продолжува со проституција. Главно тоа го правела во близина на железничката станица и во паркот кај Економскиот факултет, пишуваат српските медиуми.
Според проценките Фатима во просек има по 3, 4 клиенти дневно и тоа доведува до бројка од повеќе стотина луѓе од кои дел се мигранти дел граѓани на Србија.
– За сега не е познато дали таа намерно ги заразила луѓето со сида или сето ова се случувало од незнаење. Само последниве десет дена во односите со неколку мигранти, но и луѓе од Србија заразени се неколку луѓе, наведуваат изворите за српските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.