Фатима Алас(38), проститутка од Јордан е заболена од сида, па продавајќи го своето тело заразила на стотина луѓе во Србија. Таа се крие од полицијата по белградските хостели. Фатима, иако знаела дека е заразена имала по пет клиенти дневно, а со проституција се занимавала во Суботица, Кикинда и Белград.
-Колку што знаеме, таа во моментов се наоѓа во Белград и се крие по хостели, постојано ги менува, како полицијата не би и влегла во трага. Постои сомнеж дека се уште пружа услуги на клиентите. Работата ниту малку не е наивна, бидејќи се претпоставува дека била со најмалку 500 мажи, иако знаела дека има сида. Се чешлаат хостелите и се проверува дали престојувала во некој од нив – открива извор упатен во истрагата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.