Има два нови случаја на заболени од ХИВ вирусот во Штип, сооштија денес надлежните од штипскиот Центар за јавно здравје. Новозаболените се млади луѓе од машки и од женски пол, сексуално активни, на возраст од 21 и 34 години. Засега не се открива начинот на инфицирање. Заболените тестовите ги правеле на инфектологија во Скопје.
Бројот на заболени и инфицирани од ХИВ и од СИДА во Штип е седум, од кои двајца се починати. Тројца се носители на вирусот, а двајца се заболени од СИДА. И покрај анонимноста и загарантираната дискреција, многу малку од младите луѓе што имале ризично однесување прават тестови.
Минатата година бројот на новозаболени од ХИВ и од СИДА порасна за 30 отсто, односно беа регистрирани нови 39 случаи, од кои четири од Кочани, три од Штип и два од Свети Николе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.