На плодот се наоѓаат темни точки, а месото е сочно, крцкаво и ароматично. Наши влијае многу поволно на човечкиот организам бидејќи го подобрува излачувањето на водата, ја намалува количината на отровни материи во телото и, што е посебно интересно, го намалува дејството на алкохолот.
Во Кина се познати како ли или ча-ли, а западната литература со заедничко име ги нарекува наши. Во Европа интересот за наши се појавил во текот на последните дваесет години бидејќи имаат многу необичен вкус за поголем дел од потрошувачите. Тие се со друг облик на плодот од европските сорти, така што се наметнало погрешно мислење дека настанале со вкрстување јаболка и круша. Во создавањето на оваа круша се користени автохтони видови и подвидови од родот Pyrus. Најдобрите сорти настанале од Pyrus serotine (Pyrus pvrifolia) и Pyrus bretschneideri – двете автохтони кинески, и еден дел од Pyrus callervana. Најголем дел се калеми на генеративни подлоги од наведените автохтони сорти, а калемењето на дуња не е возможно поради некомпатибилноста. Други значајни сорти наши се: тсу-ли (крцкава круша), ксуе-хуа-ли (круша со снежен цвет), шинко (свежо уживање), чојуро (долг живот).
На овие круши им се погодни краеви со доволно топли лета, правилен распоред на врнежи во текот на целата година и малку поголема релативна влажност на воздухот (во подрачјето на Медитеранот).
Во поглед на почвата не се посебно прибирливи и им одговараат исти почви како и на европските круши. Имаат побујни стебла од европските сорти со доминација на врвниот (апикалниот) дел на гранките и другите израстоци. Повеќето сорти даваат плод на двегодишни дрва, но има и такви што плодоносат на едногодишно, односно тригодишно дрво. Сортите што плодоносат подоцна, бараат појака резидба од тие што раѓаат во првата година.
Цветаат многу рано (особено кинеските сорти), па поради тоа пролетните мразеви може да им нанесат големи штети. Сите сорти се родни до многу родни бидејќи оформуваат голем број плодови, а јунско опаѓање на плодовите речиси нема. Поради тоа, потребно е проредување на плодовите двапати во годината: првпат во цветање, а вториот пат од 6 до 8 недели по цветањето. Лушпата на плодот е многу осетлива и лесно се оштетува поради што многу тешко поднесуваат транспорт. Во зависност од видот на ладилникот, плодовите можат да се чуваат од два до шест месеци.
При одгледување на дрвото, потребно е фиданките да се наведнат бидејќи имаат многу вертикален раст. Плодовите можат да се берат и користат право од стебло, што е особина на пролетните сорти, кои се помалку издржливи од есенските, наменети за зимско складирање. Плодовите од есенските сорти се складираат на студено и темно место (подрум) и во ладилници. Овие плодови се најмногу вкусни кога се јадат студени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Агенција за финансиска поддршка на земјоделството: Ако не ги искористевме парите ќе ни беа одземени од ЕУ
-
Праските скапуваат, министерот се весели: Николовски глув за проблемите на земјоделците, прв за виолина на уво (ФОТО)
-
Министерство за земјоделство: Субвенциите се исплаќаат редовно и целосно
-
УХМР: Временските услови погодни за земјоделски активности