| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ прави бегалски камп од Македонија?

nenad mircevski2

Ненад Мирчевски

1.
Ма­ке­до­ни­ја го олес­ни тран­зи­тот на еми­гран­ти­те од Бли­ски­от Исток низ на­ша­та зем­ја. Во ме­ѓу­вре­ме, Гр­ци­ја, зем­ја-член­ка на ЕУ, со за­си­ле­но тем­по нѐ пол­ни со еми­гран­ти пре­ку на­ша­та јуж­на­та гра­ни­ца. На се­вер­на­та гра­ни­ца, пак, се нај­а­ву­ва де­ка ун­гар­ска, па и ав­стри­ска по­ли­ци­ја (две­те зем­ји-член­ки на ЕУ) за­ед­но со срп­ска­та ќе ја кон­тро­ли­ра­ле гра­ни­ца­та за да спре­че­ле овие лу­ѓе да го про­дол­жат па­тот до нив­на­та крај­на де­сти­на­ци­ја – За­пад­на Евро­па! Ун­га­ри­ја и Бу­га­ри­ја ду­ри се за­ка­ни­ја де­ка со огра­ди ќе ги за­шти­ту­ва­ат гра­ни­ци­те. Од ме­ди­у­ми­те на Со­рос не слуш­нав­ме де­ка ЕУ во­ди фа­ши­стич­ка по­ли­ти­ка кон еми­гран­ти­те и де­ка без­душ­но се из­жи­ву­ва со нив­на­та суд­би­на. Од СДСМ, пак, не­ма по­вик до Бри­сел да пре­зе­ме ит­ни ре­ше­ни­ја за проб­ле­мот. Во ме­ѓу­вре­ме, се на­мет­ну­ва ди­ле­ма­та да­ли Бри­сел мол­че­шкум са­ка да ја пре­тво­ри Ма­ке­до­ни­ја во еден го­лем бе­гал­ски камп?

2.
До­де­ка ед­ни го на­со­чу­ва­ат бра­нот ази­лан­ти низ на­ша­та зем­ја, а дру­ги се оби­ду­ва­ат да ги спре­чат овие лу­ѓе да ја на­пу­штат др­жа­ва­та, ме­ди­у­ми­те на Со­рос не про­пу­шти­ја да ги иско­ри­стат об­ви­ну­ва­ња­та на не­кои за­пад­ни ме­ди­у­ми де­ка Ма­ке­до­ни­ја пот­тик­ну­ва тран­зит на ази­лан­ти пре­фр­лај­ќи ја це­лос­но од­го­вор­но­ста за си­ту­а­ци­ја­та на ов­деш­ни­те вла­сти. За по­тсе­ту­ва­ње, исти­те тие до вче­ра фр­лаа со др­ва и со ка­ме­ња про­тив др­жа­ва­та за­тоа што не пре­зе­ма­ла ни­што за да им го олес­ни тран­зи­тот до нив­на­та крај­на де­сти­на­ци­ја. Со­ро­со­ви­те пла­те­ни­ци уште ед­наш пре­зен­ти­раа ка­ко пла­ни­ра­ат да им ја вра­тат сло­бо­да­та на ме­ди­у­ми­те.

3.
Исти­те овие Со­ро­со­ви ме­ди­у­ми до­де­ка плу­каа по сопс­тве­на­та др­жа­ва по­со­чу­вај­ќи ја ка­ко нај­ви­нов­на за тра­гич­на­та суд­би­на на еми­гран­ти­те (кои во нај­го­лем број до­а­ѓа­ат од Си­ри­ја, Авга­ни­стан, Ли­би­ја и Ирак), во ни­ту еден мо­мент не спо­ме­наа де­ка исти­те тие лу­ѓе ги на­пу­шти­ле до­мо­ви­те отка­ко нив­ни­те та­тко­ви­ни по со­бо­ру­ва­ње­то на авто­ри­тар­ни­те ре­жи­ми од стра­на на САД и НАТО пот­пад­наа под вли­ја­ни­е­то на ис­лам­ски­от фун­да­мен­та­ли­зам. Та­ка, ме­сто де­мо­кра­ти­ја, де­нес во овие зем­ји вла­дее анар­хи­ја, а по ули­ци­те те­чат ре­ки крв. Не е ни чу­до што тол­ку мно­гу лу­ѓе од та­му ре­ши­ле да го ри­зи­ку­ва­ат жи­во­тот за да си обез­бе­дат нов по­че­ток во зем­ји­те на ЕУ. Но, ток­му за­тоа, мо­рал­на­та и по­ли­тич­ка од­го­вор­ност па­ѓа на гр­бот на Европ­ска­та уни­ја. Прем­но­гу е срам­но за Бри­сел во овие мо­мен­ти да ја пре­мол­чу­ва си­ту­а­ци­ја­та во Ма­ке­до­ни­ја, а уште по­мал­ку да ја оста­ви оваа ма­ла и си­ро­маш­на зем­ја са­ма да се со­о­чи со пре­диз­ви­кот, ка­ко што се слу­чи за вре­ме на ко­сов­ска­та кри­за во 1999 го­ди­на.

4.
Евро­па е воз­не­ми­ре­на од ин­фор­ма­ци­ја­та де­ка во пр­ви­те три ме­се­ци од го­ди­на­та во ЕУ при­стиг­на­ле 185.000 ази­лан­ти. Ста­ти­сти­ка­та по­ка­жу­ва де­ка најм­но­гу­број­ни се Ко­сов­ци­те. Ду­ри 48.900 ја на­пу­шти­ле зем­ја­та од по­че­то­кот на го­ди­на­та. Ако на овие број­ки се до­да­дат лан­ски­те, мо­же да се зак­лу­чи де­ка за не­што по­ве­ќе од ед­на го­ди­на околу 100.000 Албанци го на­пу­шти­ле Ко­со­во – зем­ја­та за чи­ја­што ста­бил­ност и прос­пе­ри­тет га­ран­ти­ра­ат Ва­шин­гтон и Бри­сел. Има ли не­кој струч­њак ме­ѓу опо­зи­ци­о­не­ри­те што мо­же да об­јас­ни чи­ја е ви­на­та што Ал­бан­ци­те ма­сов­но се се­лат од Ко­со­во? Ве­ро­јат­но не е Гру­ев­ски. Всуш­ност, ако ја сле­ди­ме ло­ги­ка­та на За­ев и на со­ро­си­ди­те, и тоа е мож­но. Ако мо­же сам да се прис­лу­шу­ва, сам да си ор­га­ни­зи­ра те­ро­ри­стич­ки на­па­ди во др­жа­ва­та што ја во­ди, да ја кон­тро­ли­ра ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца, да при­ну­ду­ва 500.000 гра­ѓа­ни да гла­са­ат за не­го, да из­ва­ди на ули­ца 100.000 гра­ѓа­ни, то­гаш зо­што да не мо­же да исе­ли ед­на пет­ти­на на­се­ле­ние од со­сед­на зем­ја.

5.
Ко­га сме кај прис­лу­шу­ва­ње­то, во све­тот одек­на нов шпи­он­ски скан­дал. Фран­цу­ски „Ли­бе­ра­си­он“, во со­ра­бо­тка со „Ви­ки­ликс“, об­ја­ви до­ку­мен­ти спо­ред кои аме­ри­кан­ска­та НСА од 2006 го­ди­на до 2012 го­ди­на ги прис­лу­шу­ва­ла пос­лед­ни­те три пре­тсе­да­те­ли на Фран­ци­ја, плус ми­ни­стри и ам­ба­са­до­ри. За­мис­ле­те, Мер­кел, Ши­рак, Сар­ко­зи и Оланд би­ле прис­лу­шу­ва­ни од стран­ци, а би­ле нес­по­соб­ни да се за­шти­тат. Сега треба да очекуваме опо­зи­ци­ја­та во Фран­ци­ја да из­ле­зе со снимки од разговорите и да ба­ра оста­вка од претседателот и пр­ви­те лу­ѓе на без­бед­нос­ни­те служ­би. Можеби и ќе тврдат и дека сами се шпионирале.

6.
До­де­ка опо­зи­ци­ја­та нѐ убе­ду­ва де­ка Гру­ев­ски е Чак Но­рис во ло­ша ва­ри­јан­та и де­ка по­ра­ди тоа вла­да­та не е ле­ги­тим­на и не­ма кре­ди­би­ли­тет, во исто вре­ме бе­га од из­бо­ри ка­ко ѓа­вол од крст. По­мош­нич­ка­та на За­ев, Рад­ми­ла Ше­ке­рин­ска пред не­кол­ку де­на приз­на де­ка не­ма оправ­ду­ва­ње за одол­жу­ва­ње­то на пре­го­во­ри­те. Ше­ке­рин­ска ве­ли де­ка не­ма прем­но­гу вре­ме за до­го­вор. Се­кој по­ми­нат ден без ре­ше­ние е за­гу­бен ден за Ма­ке­до­ни­ја. Да­ли тоа зна­чи де­ка СДСМ при­фа­ќа из­бо­ри во нај­кус мо­жен рок и зо­што не?

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top