| четврток, 6 декември 2018 |

Вучиќ: За заминувањето во Сребреница ќе одлучам до 9 јули

Одлуката за заминување во Сребреница ќе ја донесам меѓу 6 и 9 јули, таа ќе биде во интерес на српскиот и бошњачкиот народ и порачувам дека нема да трпи никакви меѓународни притисоци, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ.

Тој на прес-конференција рече дека таа одлука зависи исклучиво од него, но оти никој не знае што сѐ ќе се случи во Србија и регионот до 11 јули, јави Танјуг.

– Добивам совети од сите страни. Мојата работа е да го направам она што е најдобро за Србија и да не мислам за резултатите на некои идни избори или што било друго. Ќе донесам одлука која е најдобра за српскиот и бошњачкиот народ, и не ме интересира ниту безбедноста ниту безбедносните ризици – рече Вучиќ.

Тој додаде дека при понудата да оди во Сребреница бил сигурен дека Бошњаците со раширени раце ќе ја дочекаат искрената и пријателска понуда, бидејќи српскиот и бошњачкиот народ живеат едни со други.

– Ние со Албанците живееме во две одвоени општества, едни покрај други, и затоа треба да имаме уредени односи, но со Бошњаците насекаде живееме едни со други и мораме сериозно да разговараме – истакна Вучиќ.

Во Босна има 37 отсто Срби, а во Србија 350.000 Бошњаци, потсети Вучиќ и додаде оти во интерес им е мирот и меѓусебното разбирање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top