Одлуката за заминување во Сребреница ќе ја донесам меѓу 6 и 9 јули, таа ќе биде во интерес на српскиот и бошњачкиот народ и порачувам дека нема да трпи никакви меѓународни притисоци, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ.
Тој на прес-конференција рече дека таа одлука зависи исклучиво од него, но оти никој не знае што сѐ ќе се случи во Србија и регионот до 11 јули, јави Танјуг.
– Добивам совети од сите страни. Мојата работа е да го направам она што е најдобро за Србија и да не мислам за резултатите на некои идни избори или што било друго. Ќе донесам одлука која е најдобра за српскиот и бошњачкиот народ, и не ме интересира ниту безбедноста ниту безбедносните ризици – рече Вучиќ.
Тој додаде дека при понудата да оди во Сребреница бил сигурен дека Бошњаците со раширени раце ќе ја дочекаат искрената и пријателска понуда, бидејќи српскиот и бошњачкиот народ живеат едни со други.
– Ние со Албанците живееме во две одвоени општества, едни покрај други, и затоа треба да имаме уредени односи, но со Бошњаците насекаде живееме едни со други и мораме сериозно да разговараме – истакна Вучиќ.
Во Босна има 37 отсто Срби, а во Србија 350.000 Бошњаци, потсети Вучиќ и додаде оти во интерес им е мирот и меѓусебното разбирање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вучиќ: Го победивме Косово, благодарам и на Македонија
-
Српски медиуми: Од Вучиќ бараат прогласување окупација ако Косово добие војска
-
Вучиќ: Ветувањата од Европа не му беа привлечни на македонскиот народ
-
Вучиќ за предупредувањето на Јункер: Можеби е претерано дека „тлото на Балканот е сеуште погодно за воени судири“, но не би ја исклучил можноста