| четврток, 6 декември 2018 |

Д-р Ѓоргиоски: Хигиената и редовната посета на стоматолог се клучни за трајноста на коронките и на протезите

Во ме­ди­ци­на­та, ге­не­рал­но и во сто­ма­то­ло­ги­ја­та, ед­на про­це­ду­ра е ус­пеш­на ко­га ќе по­ми­нат нај­мал­ку пет го­ди­ни од ин­тер­вен­ци­ја­та. Тоа се сме­та за ус­пех. Сѐ што е над тој вре­мен­ски пер­и­од е плус ка­ко за до­кто­рот, та­ка и за па­ци­ен­тот за­тоа што те­ра­пи­ја­та би­ла пра­вил­но и ус­пеш­но спро­ве­де­на, ве­ли д-р Ѓор­ги­о­ски

Ко­рон­ки, мо­сто­ви и про­те­зи се дел од жи­во­тот на по­во­зрас­ни­те ге­не­ра­ции. Про­те­ти­ка­та е гран­ка од ден­тал­на­та ме­ди­ци­на што се за­ни­ма­ва со изра­бо­тка на заб­ни по­ма­га­ла. Ко­рон­ки­те и мо­сто­ви­те се по­е­стет­ски­от дел кај са­ни­ра­ње­то на ви­ли­ца­та кај па­ци­ен­ти­те. За по­тре­ба­та од про­те­зи кај па­ци­ен­ти­те, на­чи­нот на изра­бо­тка и трај­но­ста, раз­го­ва­рав­ме со д-р Го­це Ѓор­ги­о­ски, спе­ци­ја­лист по сто­ма­то­ло­шка про­те­ти­ка.

 

Од ка­де по­тре­ба­та за мо­бил­ни до­да­то­ци, од­нос­но про­те­зи кај па­ци­ен­ти­те, ко­га се ста­ва­ат и зо­што се пра­ват?

ЃОР­ЃИ­О­СКИ: По­тре­ба­та за изра­бо­тка на мо­бил­на пар­ци­јал­на или це­лос­на про­те­за про­из­ле­гу­ва од гу­бе­ње­то на за­би­те кај па­ци­ен­тот. Гу­бе­ње­то еден заб е до­вол­на ин­ди­ка­ци­ја па­ци­ен­тот да се за­ан­га­жи­ра и да нај­де со­од­вет­но ре­ше­ние да го на­до­ме­сти за­гу­бе­ни­от заб. Гу­бе­ње по­ве­ќе за­би, без раз­ли­ка да­ли ста­ну­ва збор за вид­лив дел или стра­нич­но, ка­де што тоа не е вид­ли­во, се ин­ди­ка­ции за изра­бо­тка на про­те­зи или мо­сто­ви, за­вис­но од по­тре­ба­та на па­ци­ен­тот.

 

Ка­кви ви­до­ви про­те­зи има и за што слу­жат?

ЃОР­ЃИ­О­СКИ: Има по­ве­ќе кла­си про­те­зи во за­вис­ност од ма­те­ри­ја­лот на изра­бо­тка, од нив­на­та фор­ма, од бро­јот на за­би­те, од нив­ни­от рас­по­ред. На­јос­нов­но, се де­лат на пар­ци­јал­ни и на це­лос­ни про­те­зи. Тоа по­драз­би­ра де­ка пар­ци­јал­ни­те про­те­зи се тие про­те­зи што се изра­бо­ту­ва­ат кај па­ци­ен­ти што уште има­ат пре­о­ста­на­ти за­би. По­ве­ќе од шест за­би пре­о­ста­на­ти кај па­ци­ен­тот се ин­ди­ка­ци­ја за изра­бо­тка на пар­ци­јал­на про­те­за. Ако се за­гу­бе­ни си­те за­би кај па­ци­ен­тот се ин­ди­ка­ци­ја за изра­бо­тка на це­лос­на про­те­за. Тој проб­лем мо­же да се ре­ши и со имп­лан­ти.

 

s5 (Custom)

По­ве­ќе од шест за­би пре­о­ста­на­ти кај па­ци­ен­тот се ин­ди­ка­ци­ја за изра­бо­тка на пар­ци­јал­на про­те­за, вели д-р Ѓоргиоски

 

 Ка­ква е раз­ли­ка­та ме­ѓу ко­рон­ки­те и мо­сто­ви­те?

ЃОР­ЃИ­О­СКИ: Ко­рон­ки­те и мо­сто­ви­те се по­е­стет­ски­от дел кај са­ни­ра­ње­то на ви­ли­ца­та кај па­ци­ен­ти­те. Раз­ли­ка­та ме­ѓу ко­рон­ки­те и мо­сто­ви­те е ед­но­став­на. Ко­рон­ка­та се изра­бо­ту­ва на еден заб и прет­ста­ву­ва еден вид ка­па­че врз при­род­ни­от заб со ко­ја ја ме­ну­ва­ме бо­ја­та, фор­ма­та, го­ле­ми­на­та на со­од­вет­ни­от заб, не­го­ва­та по­лож­ба и ори­ен­та­ци­ја во уста­та. Мо­сто­ви­те нај­че­сто се изра­бо­ту­ва­ат ко­га не­до­сти­га­ат нај­мал­ку еден, а најм­но­гу че­ти­ри за­ба еден до друг за­гу­бе­ни ед­но­по­дру­го.

 

Ка­ко се ста­ва­ат ко­рон­ки­те кај па­ци­ен­ти­те?

ЃОР­ЃИ­О­СКИ: Изра­бо­тка­та на ко­рон­ки­те или на мо­сто­ви­те се од­ви­ва по стро­го одре­ден ре­дос­лед отка­ко ќе се утвр­ди ин­ди­ка­ци­ја за изра­бо­тка. При­род­ни­от заб што е по­сто­ен во уста­та се стру­га за да до­бие обрат­на фор­ма на ко­нус за да мо­же ко­рон­ка­та да по­ми­не пре­ку не­го, од­нос­но пре­ку за­бот и да до­пре ди­рект­но до неп­це­то и на тој на­чин це­лос­но да го по­крие за­бот. Про­це­ду­ра­та е ед­но­став­на. Нај­че­сто ра­бо­ти­ме со ане­сте­зи­ја за ин­тер­вен­ци­ја­та да би­де без­бол­на. Без ане­сте­зи­ја по­не­ко­гаш мо­же да би­де мно­гу бол­но. Зна­чи се ста­ва ане­сте­зи­ја и се поч­ну­ва со препaра­ци­ја на за­бот. Тоа зна­чи бру­се­ње на за­бот од си­те не­го­ви по­вр­ши­ни за да ја до­би­е­ме по­са­ку­ва­на­та фор­ма на за­бот при што, во за­вис­ност од ме­сто­то на за­бот, се од­зе­ма­ат од еден до два ми­ли­ме­тра од за­бот во за­вис­ност од тех­ни­ка­та на препaра­ци­ја што се ко­ри­сти. Отка­ко ќе се истру­га за­бот, се зе­ма от­пе­ча­ток, се пра­ќа во заб­на тех­ни­ка. Ту­ка ра­бо­та­та е по­вр­за­на ме­ѓу па­ци­ен­тот, заб­на­та тех­ни­ка и сто­ма­то­ло­гот за да се усог­ла­сат си­те че­ко­ри за изра­бо­тка на ко­рон­ка­та или мо­стот. По­треб­ни се две про­би, ако се ра­бо­ти за кла­сич­на ме­тал­на изра­бо­тка во на­ро­дот поз­на­та ка­ко пор­це­лан­ска ко­рон­ка или мост. Се про­бу­ва ме­тал­на­та ос­но­ва, по­тоа се пе­че пор­це­ла­нот на ме­тал­на­та ос­но­ва, се пра­ви про­ба на пор­це­лан­ски­от заб, кој не е гла­зи­ран, зна­чи му не­до­сти­га сја­јот, за да мо­же со па­ци­ен­тот да утвр­ди­ме да­ли е до­бра бо­ја­та, да­ли ни се до­па­ѓа фор­ма­та и го­ле­ми­на­та, ме­сто­по­лож­ба­та на за­бот, од­но­сот со со­сед­ни­те и спро­тив­ни­те за­би. Ако е сѐ во ред, ко­рон­ка­та се вра­ќа на гла­зи­ра­ње. Ко­га ќе се изг­ла­зи­ра, ко­рон­ка­та до­би­ва сјај, се вра­ќа во уста­та на па­ци­ен­тот и се це­мен­ти­ра со трај­ни це­мен­ти, кои ја обез­бе­ду­ва­ат вр­ска­та со ко­рон­ка­та и при­род­ни­от заб.

 

s1 (Custom)

За­до­волс­тво­то на па­ци­ен­тот е не­мер­ли­во ко­га ќе го ви­ди­ме нас­ме­ан, сре­ќен, рас­по­ло­жен од ре­зул­та­тот што е по­стиг­нат

 

Кол­ку се трај­ни овие ко­рон­ки или мо­сто­ви?

ЃОР­ЃИ­О­СКИ: Ге­не­рал­но, не по­стои ко­рон­ка или мост што ќе трае за­се­ко­гаш. И при­род­ни­те за­би ник­ну­ва­ат здра­ви и во те­кот на жи­во­тот од раз­ни при­чи­ни се рас­и­пу­ва­ат. Што е мно­гу важ­но? Одр­жу­ва­ње­то на до­бра хи­ги­е­на и ре­дов­на­та по­се­та кај сто­ма­то­ло­гот се од клуч­но зна­че­ње за ко­ја би­ло изра­бо­тка да го има не­оп­ход­ни­от век на тра­е­ње. Во ме­ди­ци­на­та, ге­не­рал­но и во сто­ма­то­ло­ги­ја­та, ед­на про­це­ду­ра е ус­пеш­на ко­га ќе по­ми­нат нај­мал­ку пет го­ди­ни од ин­тер­вен­ци­ја­та. Тоа се сме­та за ус­пех. Сѐ што е над тој вре­мен­ски пер­и­од е плус ка­ко за до­кто­рот, та­ка и за па­ци­ен­тот, за­тоа што те­ра­пи­ја­та би­ла пра­вил­но и ус­пеш­но спро­ве­де­на. Уста­та, и по­крај сѐ дру­го е мно­гу не­при­ја­тел­ска сре­ди­на. Ре­тко кој знае де­ка за­би­те ни се во функ­ци­ја 24 ча­са. И тоа цел жи­вот. Сре­ди­на­та во ко­ја сто­јат на­ши­те изра­бо­тки по­сто­ја­но е влаж­на, под­лож­на е на ба­кте­рии и на ми­кро­ор­га­низ­ми, кои нор­мал­но се при­сут­ни во ор­га­низ­мот. Та­ка што на­ша­та ра­бо­та, да обез­бе­ди­ме еден нор­ма­лен и дол­го­тра­ен жи­вот на на­ши­те изра­бо­тки не е ни­мал­ку лес­на.

 

Од ка­кви ма­те­ри­ја­ли се изра­бо­ту­ва­ат, кои Вие ги пре­по­ра­чу­ва­те?

ЃОР­ЃИ­О­СКИ: На па­за­рот по­сто­јат не­кол­ку ти­па ма­те­ри­ја­ли и раз­лич­ни тех­ни­ки. Ве­ќе се за­ста­ре­ни фа­се­ти­ра­ни ко­рон­ки или во на­ро­дот поз­на­ти ка­ко „ко­ске­ни за­би“, кои ве­ќе не се изра­бо­ту­ва­ат и од естет­ски и од хи­ги­ен­ски при­чи­ни. Нај­че­сто се изра­бо­ту­ва­ат ме­тал­но-ке­ра­мич­ки­те кон­струк­ции. По­со­вре­ме­ни­те тех­но­ло­гии по­драз­би­ра­ат дру­ги ма­те­ри­ја­ли и ме­то­ди. Тоа што е нај­у­ба­во и акту­ел­но во пер­и­о­дов се без­ме­тал­ни­те изра­бо­тки, кои се ра­бо­тат на два на­чи­на. Ед­ни­от е цир­ко­ни­ум, а дру­ги­от е прес-ке­ра­ми­ка и по­стои су­штин­ска раз­ли­ка ме­ѓу два­та на­чи­на. Тоа што да­ва бес­пре­кор­на есте­ти­ка во уста­та се прес-ке­ра­мич­ки­те изра­бо­тки. Пос­лед­ни­ве не­кол­ку го­ди­ни се акту­ел­ни и изра­бо­тки од пор­це­лан­ски луш­пи што се со де­бе­ли­на од 0,1 до 0,3 ми­ли­ме­три, кои слу­жат, пред сѐ, за естет­ска ко­рек­ци­ја на бо­ја­та, фор­ма­та и по­ста­ве­но­ста на за­бот. Сѐ си има свои пред­но­сти и не­до­ста­то­ци. Еден од по­го­ле­ми­те пре­диз­ви­ци е да го ви­ди­ме па­ци­ен­тот нас­ме­ан и сре­ќен ко­га ќе ја на­пу­шти ор­ди­на­ци­ја­та. За­до­волс­тво­то на па­ци­ен­тот е не­мер­ли­во ко­га ќе го ви­ди­ме нас­ме­ан, сре­ќен, рас­по­ло­жен од ре­зул­та­тот што е по­стиг­нат.

 

Интервјуто може да го погледнете на РепубликаТВ.

 

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Але­ксан­дар Ива­нов­ски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top