| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто не ни се допаѓа нашиот глас?

images-2015-06-zasto_nam_se_ne_dopada_zvuk_sopstvenog_glasa_aps_249679123

Експертите за ова прашање даваат објаснување дека ние не го слушаме тоа што го слуша околината, и дека тоа како ние си го доживуваме гласот не е идентично со она како го доживуваат другите, пишува „Нешнл џиографик“.

Нашиот глас до нас доаѓа преку различни канали: звучните бранови произведени од страна на нашиот говорен апарат, прават да вибрираат и ушното тапанче и внатрешното уво, гласните жици и дишните патишта.

Од друга страна, додека ги слушаме другите, звучните бранови од надвор доаѓаат до нашето надворешно уво, потоа до ушното тапанче, а потоа се претвораат во вибрации, кои одат до мозокот.

Покрај тоа, телото поквалитетно ги пренесува ниските тонови отколку воздухот, па кога овие две компоненти ќе се измешаат, во случајов – слушањето на сопствениот глас, гласот звучи подлабоко.

Кога си го слушате сопствениот глас на снимка, ви звучи полошо, бидејќи не сте се навикнале на тоа. Слушањето на нашиот снимен глас често е многу непријатно искуство, а експертите веруваат дека тоа е затоа мислиме дека така не слушаат другите.

Во овие случаи се чувствуваме лошо, бидејќи не сме навикнале да се слушаме така.

На пример, постојано се гледаме во огледало, дали е тоа додека се миеме, бричеме, облекуваме. Постојано гледајќи се сами себе, се создава интимност, интимноста создава чувство на допаѓање. Едноставно, сме изградиле симпатии и наклоност кон таа личност.

Истото е и со гласот, па така секое слушање на снимка со нашиот глас ни е малку непријатно, затоа што ни е непознат, и не сме создале толкава поврзаност со него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top