Кога зборуваме, нашите гласни жици вибрираат, а со тоа слушаме спој од два звука – својот глас и вибрациите. Но, најчесто за сопствениот глас на снимка, реакцијата е „Зарем звучам вака ужасно”. Но, проблемот не е во Вас. Кога зборуваме, нашите гласни жици вибрираат, а со тоа слушаме два звука – својот глас и вибрациите.
-Додека зборуваме, другите нè слушаат „на звучници“, додека ние сами си се слушаме низ друга комплексна “пештера” која се наоѓа во нашата глава. Звукот патува околу синусите, празните делови на нашата глава и до средниот дел од увото, па затоа гласот кој ние го слушаме се разликува од гласот кој го слушаат нашите соговорници – објаснува Мартин Бирчал, професор по ларингологија од универзитетот во Лондон за „Тајмс“.
Токму поради тоа, кога ќе слушнеме снимка од сопствениот глас, не можеме да поверуваме дека така звучиме. Тоа што нашиот „вистински глас“ не нѝ се допаѓа потекнува од фактот дека отсекогаш сме сметале дека звучиме потполно поинакво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.