Јавните претпријатија „Улици и патишта“ и „Паркови и зеленило“ поставија оградата на средишниот дел на жардиниерата на булеварот „Крсте Мисирков“ на Бит-пазар.
Пешаците во овој дел, секојдневно ја прескокнуваа жардиниерата и ја претрчуваа улицата со што си го ставаат животот во опасност, а во исто време и го закрчуваат сообраќајот. Исто така, на овој булевар досега се случувале и многу сообраќајни незгоди.
Пред неколку години, властите изградија пешачки надвозен премин, но ретко кој го користи за да премине на другата страна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.