Американските таблоиди на своите насловни страници пишуваат за разводот меѓу Бред Пит и Анџелина Џоли по скоро девет години врска и една година во брак.
Проблемите наводно почнале по венчавката, а последните месеци односот меѓу нив двајца се влошил.
Според анонимен извор, двојката разводот ќе го објави до крајот на оваа година. Причината е промоцијата на нивниот заеднчки филм „Покрај морето“ каде што почнале брачните проблеми. Соговорникот тврди дека разводот ги иницирал Бред.
– Несреќен е и сака да излезе од бракот – вели изворот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



