Македонскиот ракометен шампион Вардар е во третиот барабан за А и Б групите, додека Металург е во првиот барабан во Ц и Д групите во ждрепката за Лига на шампиони.
Ждрепката е в петок во 20 часот, а групната фаза во ЛШ почнува на 13 септември.
Европската ракометна федерација (ЕХФ) го смени форматот на ЛП, па така во првите две групи (А и Б) ќе се натпреваруваат тимовите со најголемо реноме и квалитет, а групите Ц и Д се наменети за тимовите со послабо рангирање. Вардар кој изминативе две сезони на два пати играше во четвртфиналето има подобар рејтинг од Металург, црвено-црните се во 3. барабан, а подобро рангирани се само екипите кои играа на последниот фајнл-фор, во истата група е ПСЖ, францускиот тим нема да биде противник на Вардар во ЛШ.
Металург е носител во послабите групи и заедно со шпанската Натурхаус Ла Риоха, која ќе ја одбегнат во групната фаза. За разлика од Вардар кој ќе одигра 14 средби во групната фаза, Металург ќе има десет меча.
Според новите правила на ЕХФ, од привилигираните групи А и Б, првите шест продолжуваат понатаму, победниците директно во четврт-финале, а екипите од 2. до 6. место во осминафинална битка. На овие екипи ќе им се приклучат две екипи од Ц и Д групите.
Металург да продолжи понатаму, треба да заврши барем втор во Ц или Д групата, Вардар треба да биде најмалку шести, со евентуалното прво место би играл директно во четврт-финале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.