| четврток, 6 декември 2018 |

Како грозјето помага во слабеењето?

Грозјето помага во регулирање на телесната тележина бидејќи ги чисти маснотиите и влијае на нашиот апетит.

grozje11

1. Грозјето го чисти телото

Темното грозје содржи активни супстанци како што полифенолите кои се моќен антиоксиданс. Покрај тоа полифенолите го забрзуваат и метаболизмот, што доведува до побрзо работење на организмот и трошење на калориите.

2. Грозјето ги чисти мастите

Покрај тоа што се чисти телото, полифенолите влијаат и на забавувањето на создавањето на масни наслаги и согорување на веќе постоечките.

Грозјето игра важна улога во работата на црниот дроб, органот кој е задолжен за чистење на организмот.


3. Грозјето го намалува апетитот

Покрај тоа што има бројни нутритивни вредности, грозјето влијае и на намалување на апетитот.

Токму поради тоа важно е сите кои сакаат на ги намалат килограмите да се одлучат за консумирање на ова овошје.  Наутро можете слободно да го додадете во појадокот и да уживате во здрав и диетален оброк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top