| четврток, 6 декември 2018 |

Металург потпиша со голманите Дуп­ја­ча­нец и Пешевски

Македонскиот машки ракометен вицепрвак Металург се засили со двајца нови ракометари на голманската позиција. Се работи за Да­ни­ел Дуп­ја­ча­нец (32) и Антонио Пешевски (25), кои денеска потпишаа договори.

11129790_777134552385074_1534606948_n_resize

Даниел Дупјачанец (32 г., 189 см., 95 кг.) е поранешен кадетски, младински и сениорски репрезентативец на Македонија, кој во кариерата настапувал за екипите на Ту­тун­ски ком­би­нат – При­леп, Мла­дост Бог­дан­ци, Алу­ми­ни­ум-Арак од Иран и Бе­са од Ко­со­во, каде настапува од 2010 година.

–  До­а­ѓа­ње­то во Ме­та­лург го гле­дам ка­ко че­кор на­пред во мо­ја­та ка­ри­е­ра и на се­кој мо­жен на­чин ќе се тру­дам да ги оправ­дам до­вер­ба­та и че­ста што ми ги ука­жаа чел­ни­ци­те на клу­бот, да ста­нам дел од ти­мот за кој по­втор­но си­те со вос­хит ќе збо­ру­ва­ат. Игра­ње­то во Ли­гата на шам­пи­о­ни­те е го­лем пре­диз­вик за ме­не и за­тоа ќе се по­тру­дам да го да­дам нај­до­бро­то од ме­не и да би­дам дел од из­диг­ну­ва­ње­то на Ме­та­лург – вели Дупјачанец, кој со Металург потпиша двегодишен договор.

Антонио Пешевски (25 г., 209 см., 110 кг.) потекнува од Металург каде што ги поминал сите селекции. Настапувал за Металург Јуниор, а во 2013-та една сезона одигра во дресот на Драчево, но потоа имаше прекин во кариерата. Антонио потпиша четиригодишен договор со Металург.

– Исклучително сум среќен и горд што добив можност повторно да се вратам во Металург, кој е мој матичен клуб. Особено задоволство ми е да тренирам со еден од најголемите тренери во светот на ракометот, Лино Червар. Се надевам дека ќе ја оправдам укажаната доверба – вели Пешевски.

Со овие двајца ракометари не завршува екипирањето на позиција голман, бидејки Металург е во преговори со врвен чувар на мрежата

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top