| четврток, 6 декември 2018 |

Куче одгриза палец на тетовец

Четириесетгодишниот В.З од Тетово останал без палецот на левата рака и добил повеќе гризнувања по рацете откако вчера околу 15 часот бил нападнат од куче од расата кангал, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци, инцидентот се случил на улицата „146“, во месноста Горни Арабат во Тетово додека тетовецот се движел со своите деца кон семејната куќа. Наеднаш врз него се нафрлило кучето и му нанесло повеќе рани на рацете, а целосно му го одгризало  и палецот на левата дланката. Повредениот веднаш бил пренесен во тетовската клиничка болница, каде што му биле извршени неколку хируршки зафати на рацете, по што бил  задржан за натамошно лекување.

– Полицијата извршила увид на местото на кое се случил нападот од кучето, разговарено е со В.З. и се преземаат мерки и активности за расветлување на сите поединости – како се случило тоа, кој е сопственикот на кучето и за пронаоѓање на кучето – рече Јосифовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top