| четврток, 6 декември 2018 |

Заев се залага за враќање на украдените пари – ќе ги врати ли 8,5 милиони евра од „Глобал“?

zaev se otkazuvaЛидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју на еден портал вели дека на граѓаните ќе им ги врати сите одземени пари. По ваквата негова изјава во јавноста се отвора прашањето дали Заев планира да ги врати и 8,5 милиони евра од „Глобал“ за кои е аболициран.

Во 2008 година беше обелоденет случајот по што беше приведен Заев со неколку негови блиски соработници. Приведувањето беше по претходно поднесена кривична пријава од страна на Одделот за организиран криминал до Јавно обвинителство-Одделение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „помагање“ во врска со истото дело.

Злоупотребата била извршена така што прво спровеле јавен тендер за избор на соинвеститор за градење на Трговски деловен центар на локација на поранешниот градски пазар во Струмица, спротивно на Законот за јавни набавки.Тие не ги регулирале имотно правните односи на предметното земјиште, што е спротивно на Законот за градба и Законот за просторно и урбанистичко планирање. Земјиштето на кое е изграден трговскиот центар е во сопственост на Македонија, а корисници се повеќе правни и физички лица, пишува Курир.

На осомничениот Крстев, управител на “Де Лукс Инженеринг“ ДОО Струмица-соинвеститор на општина Струмица, му било овозможено да го добие тендерот за градење на објектот,и со тоа да се стекне со имотна корист од околу 8 милиони евра. Оваа вредност е неколку пати помала од користа, која би се добила кога деловниот објект со површина од околу 38.162 метри квадратни, во целост би се продал по празарна вредност.

Иако со години се тврдеше дека Глобал е легализирана градба, потписот на Заев за легализација на Глобал шест години подоцна е признание за криминалот тежок 8,5 милиони евра. За ваквото дело, Заев беше аболициран од тогашниот претседател на Македонија, Бранко Црвенковски.

Заев во своите најнови изјави вели дека на граѓаните ќе им ги врател украдените пари. Нејасно е дали лидерот на СДСМ во ваквата изјава всушност вели дека на граѓаните ќе им ги врати милионите од Глобал.

– Што се однесува до одземените пари, ќе ги обезбедиме сите потребни чекори тие да се вратат на оние на кои им припаѓаат, граѓаните на Република Македонија, вели Заев во даденото интервју за порталот Револуционер.

Останува отворено прашањето, по ваквата изјава на аболицираниот Заев, дали тој ќе им го врати милионскиот износ на граѓаните, за кои вели дека му се света должност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top