| четврток, 6 декември 2018 |

Интер го доби миланското дерби со Милан за Кондогбија

Интер го победи Милан во трката за ангажман на талентираниот Џофри Кондогбија од Монако. Нероаѕурите платија повеќе пари и ја надминаа понудата на лутиот градски ривал, со што го добија во своите редови некогашниот светски првак за играчи до 20 години.

Кондогбија во следните пет години ќе биде член на Интер, а Монако си заработи 35 милиони евра. Кондогбија ќе има плата од 4 милиони евра по сезона и 3 милиони евра бонус.

Џефри беше дел од генерацијата на Франција пшредводена од него и од Пол Погба што ја освои светската титула на шампионатот за играчи до 20 години во Турција во 2013 година.

kondo

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top