| четврток, 6 декември 2018 |

(видео) Шварценегер како вистински „Терминатор“ низ Лос Анѓелес

svarcoАрнолд Шварценегер ги шокираше луѓето во Лос Анѓелес. Облечен како Терминатор, неговиот најславен лик, шеташе низ улиците, а потоа се „пресели“ во музејот за восочни фигури Мадам Тисо.

Обожувачите му приоѓале да се фотографираат мислејќи дека е восочен, а тој во еден момент „оживувал“ со неколку култни реченици од филмот.

Секако реакцијата е претпоставена- со вриштење бегале од него, за потоа да го сфатат штосот па се фотографирале со актерот.

Целта на овој негов „перформанс“ била хуманитарна поддршка за собирање на пари за школување на сиромашни деца.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top