Арнолд Шварценегер ги шокираше луѓето во Лос Анѓелес. Облечен како Терминатор, неговиот најславен лик, шеташе низ улиците, а потоа се „пресели“ во музејот за восочни фигури Мадам Тисо.
Обожувачите му приоѓале да се фотографираат мислејќи дека е восочен, а тој во еден момент „оживувал“ со неколку култни реченици од филмот.
Секако реакцијата е претпоставена- со вриштење бегале од него, за потоа да го сфатат штосот па се фотографирале со актерот.
Целта на овој негов „перформанс“ била хуманитарна поддршка за собирање на пари за школување на сиромашни деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)