| четврток, 6 декември 2018 |

Семејствата на убиените му простија на Дилан Руф

dilan rufСемејствата на некои од убиените во вчерашниот терористички напад во Јужна Каролина, САД, му порачаа на убиецот, 21-годишниот Дилан Руф, дека му простуваат. Руф вчера влегол во стара црква која ја посетувале Афроамериканци и уби деветмина, а нападот е мотивиран со омраза кон нив. Кога членовите на семејствата му се обраќале, тој не покажал емоции.

Американското министерство за правда испитува дали се работи за домашен тероризам.

-Целта на нападот е предизвикување страв и терор во оваа заедница- стои во соопштението.

За време на првото појавување пред судот, судијата ги повикал десет членови на семејствата да му се обратат на осомничениот убиец.

-Ми одзеде нешто многу мило, никогаш повеќе нема да зборувам со неа, никогаш веќе нема да можам да ја прегрнам, но ти простувам и имам милост кон твојата душа- рекла ќерката на Етел Ленс, една од жртвите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top