Американската министерка за внатрешни работи Елејн Дјук верува дека терористичките групи подготвуваат нови воздушни напади.
– Терористичките групи, без разлика дали е ’Исламска држава’ или некоја друга, сакаат да направат голема експлозија, како онаа од 11 септември 2001 година – изјави Дјук за време на нејзиниот говор во американската амбасада во Лондон.
Според неа, нападите со користење на комбиња и ладни оружја имаат за цел да создадат страв во општеството, но тоа не значи дека екстремистите ја напуштиле својата основна цел и сценариото со авиони.
– Терористите се силни, брзо се адаптират и заканата од терористички напади сега е на највисоко ниво, на што мора сите да се спротиставиме – рече Дјук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.