Семејствата на некои од убиените во вчерашниот терористички напад во Јужна Каролина, САД, му порачаа на убиецот, 21-годишниот Дилан Руф, дека му простуваат. Руф вчера влегол во стара црква која ја посетувале Афроамериканци и уби деветмина, а нападот е мотивиран со омраза кон нив. Кога членовите на семејствата му се обраќале, тој не покажал емоции.
Американското министерство за правда испитува дали се работи за домашен тероризам.
-Целта на нападот е предизвикување страв и терор во оваа заедница- стои во соопштението.
За време на првото појавување пред судот, судијата ги повикал десет членови на семејствата да му се обратат на осомничениот убиец.
-Ми одзеде нешто многу мило, никогаш повеќе нема да зборувам со неа, никогаш веќе нема да можам да ја прегрнам, но ти простувам и имам милост кон твојата душа- рекла ќерката на Етел Ленс, една од жртвите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тероризам во Ирска? Се испитуваат методите за убиството на еден маж на среде улица
-
Оперскиот пејач Дурловски ќе одговара за тероризам, а терористите кои убија деца на Смилковско на слобода
-
Приведени деветмина во Атина: Се сомневаат дека подготвувале терористички напад
-
САД: Терористите подготвуваат уште еден 11 септември