| четврток, 6 декември 2018 |

Приведени деветмина во Атина: Се сомневаат дека подготвувале терористички напад

Грчките антитерористи претресеа два апартмана во Атина, и задржаа девет лица – осум мажи и една жена.

Според првичните информации, властите пронајдоа во двата апартмана, во атинските населби Неос Космос и Калитеа, мемориски картички и компјутери.

Полициски извор изјави дека во апартманите е најден материјал за експлозивна рачна направа и лаптопи.

Според грчки медиуми, сите притвореници се со турско потекло. Според западни, тие се Авганистанци и Курди.

Друг полициски извор потврди дека властите ги испитуваат врските со левичарската Револуционерна партија и фронт за народно ослободување (ДХКП-С), забранета група во Турција. ДХКП-С е исто така признаена како терористичка организација од страна на ЕУ и САД.

Според полициските извори цитирани од „Њуз.ин“, не е исклучено притворениците да подготвувале терористички напад со оглед на претстојната посета на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Грција во декември.

Операцијата продолжува. Деветтемина беа уапсени откако се појавија информации за сомнителна активност во областа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top