Среќата не и беше наклонета на македонската репрезентација во ракомет на денешната ждрепка за Европското првенство во Полска 2016 година. „Црвено-црните“ треба да играат во групата А каде се уште и суперсилната Франција, домаќинот Полска и секогаш незгодната репрезентација на Србија.
Според пропозициите во следната рунда ќе се пласираат првите три репрезентации од секоја група, што значи дека нашата репрезентација мора да извојува барем една победа.
Доколку Македонија се пласира во следната рунда, ќе треба да одигра уште три натпревари со трите најдобропласирани репрезентации од групата Б, а таму се Хрватска, Исланд, Белорусија и Норвешка.
Дел од нашите репрезентативци изјавија дека воопшто не размислуваат каква ќе биде групата пред оваа ждрепка, освен да се избегне апсолутниот шампион на светот репрезентацијата на Франција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.