Македонско-Германското стопанско здружение и Германската стопанска комора во Македонија вчера, во присуство на германската амбасадорка во Кристине Алтхаусер, го прославија своето 15 годишно работење во Македонија.
– Македонско-Германското стопанско здружение е основано во 2000 година во Скопје со 60 компании. За овие 15 години прерасна во најголемото билатерално здружение во Република Македонија со 185 компании членови- порача директорот на Германската стопанска комора во Македонија, Мартин Кнап.
Тој посочи дека членови на Здружението се главно македонски и германски мали и средни претпријатија, но и големи претпријатија од сите стопански гранки, банки и научни институции.
– Здружението со своите активности прави постојани напори за поддршка и јакнење на македонско-германските стопански односи што вклучува поддршка на германските инвеститори кои доаѓаат на македонскиот пазар и нивно етаблирање тука, воедно и воспоставување на деловни контакти со македонските комапнии- рече Кнап.
Во 2000 година во Македонија, прецизира, работеле 15 германски компании, а за овие 15 години бројот на германските компании што подразбира директни инвестиции и германски претставништва е зголемен за 10 пати и ја достигнува бројката од 150.
– Билатералната трговска размена од околу 2,4 милијарди евра во 2014 година многу бргу растеше и претпоставувавм дека оваа сума ќе продолжи да се зголемува. На тој начин Германија останува најважниот трговски партнер на Македонија. Македонија меѓу германските претпријатија важи за добро место за инвестирање, а 85 отсто од германските претпријатија што работат овде, повторно би инвестирале во земјава- рече германската амбасадорка Кристине Алтхаусер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонија има потенцијал да има успешна економија – Стопанската комора одбележа 95 години работење
-
БДП меѓу 3 и 4,5 отсто и намалување на буџетскиот дефицит до 2 отсто; Груевски на средба со тиквешките стопанственици
-
Трговската размена меѓу Македонија и Бугарија ќе достигне една милијарда долари до 2017
-
Евакуирана германската фудбалска репрезентација во Париз