Вистинска среќа владее во редовите на СДСМ. На филмски, на магичен начин ги пронајдоа лентите со бомбите за функционерите на ДУИ и тоа сосема случајно, велат од партијата.
-Претседателот Заев утрово дојде на работа со хепифејс и не свика сите да присуствуваме на важен состанок. Очигледно беше возбуден, а имаше и зошто. На состанокот отворајќи шампањ соопшти дека сосема случајно утрово, најдолу во својата фиока за долен веш ги нашол снимките на функционерите на ДУИ кои толку време ги баравме и не можеме да ги објавуваме – изјави анонимен извор од Бихаќка.
Во просториите на најголемата опозициска партија веднаш започнало масовно прегрнување и наздравување, а некои членови на раководството дури и заплакале од среќа.
-Денес решив да облечам посветли гаќи бидејќи е топло и белото одбива сончева светлина, па за разлика од обично ја спуштив раката до самото дно на фиоката за веш, кога забележав нешто тврдо, нешто пластично. Прво се уплашив што може да биде меѓутоа ми олесна кога видов дека се касети. Ги извадив касетите и ја дувнав прашината од нив. Веднаш можев да прочитам што пишуваше на касетите: „ДУИ – НАЈЛЕПШЕ БОМБЕ“ и знаев дека го најдеме светио грал на бомбете – рекол Заев.
„Браво лидеру, браво Зоки“ извикувале сите, среќни поради тоа што сосема случајно после неуспешните бриселски преговори Заев успеал да ги најде снимките со бомбите за ДУИ.
Заев беше обвинет дека не ги објавува бомбите за ДУИ бидејќи калкулира со политичкиот момент и манипулира со објавените материјали сакајќи да изнуди партнерство со албанската партија. Иако не се знае нивното потекло, се шпекулира дека Бог ги црпнал бомбите од некаде и ги ставил на место каде што Заев може да ги пронајде. И тоа во вистински момент, бидејќи баш синоќа во интервју за Алсат, лидерот на СДСМ соопшти дека бил разочаран од однесувањето на Али Ахмети кој ветил дека ако не успеат преговорите во Брисел, ќе излезе од влада.
-Ахмети во Брисел рече дека ако денеска не се договориме, јас се враќам во Скопје и излегувам од Владата. Тоа го рече Ахмети. Во Брисел не се договоривме, се вративме во Скопје и еве ги каде се ДУИ. Во власта. Не донесоа одлука за излегување од Владата. Тоа покажува дека и функционерите на ДУИ се сигурно инкриминирани, па не сакаат да ја напуштат власта – изјави Заев за АЛСАТ-М.
После оваа изјава и случајното пронаоѓање на бомбите за ДУИ, Заев не можел да верува колкава пророчка моќ има. Не поминале ни 8 часа од оваа изјава, а тој ги пронашол бомбите кои го увериле дека ДУИ се инкриминирани.
Експертите шпекулираат каде може да се мистериозно сокриени бомбите за членовите на СДСМ кои слично како и НЛО-ата, веројатно постојат, но ништо не е докажано. Букмејкерите најмал коефициент даваат на можноста бомбите за СДСМ да се во некој од плакарите во спалната на Заев.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



