По користењето на членот 49-3 од францускиот Устав, кој дозволува да се донесе закон со ангажирање на довербата на Владата, без притоа да се гласа од страна на Парламентот, за донесувањето на новиот закон наречен Макрон, според министерот за економија, француската Влада повторно ја доби довербата од Националното собрание.Како што јавува дописникот на МИА од Париз, против Владата гласаа 198 парламентарци од вкупно потребните 289 за да владата на Мануел Валс падне.
Изгласувањето на доверба на Владата, значи автоматско усвојување на законот посветен на „економскиот развој, активноста и економските шанси“ кои треба да и дадат поттик на француската економија, според предлагачот Емануел Макрон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



