Во Културниот центар „Феникс“ во Скопје денеска ќе се одржи ликовна изложба на писателката Ана Багриана од Украина, која сега живее во Скопје.
Изложбата ќе ја отвори Живко Поповски Цветин, а на изложбата ќе бидат презентирани нејзините најнови цртежи на повеќе теми. Настанот ќе биде збогатен и со поетски настап на Бојан Ангелов – претседател на Сојузот на писателите на Бугарија.
На свеченото отворање на изложбата, на Ана Багриана ќе ѝ биде врачена наградата за сликарство „Арт Феникс“, што ја доделуваат Издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ од Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Изложба на Тања Таневска во „Gallery MC“ во Њујорк
-
Сала Симука, писателка од Финска: Луѓето кои читаат книги се луѓе кои размислуваат за нештата!
-
Лидија Николиќ, писателка: Имав голема одговорност кога ги пишував книгите за Маги
-
Фросина Пармаковска, писателка: Понекогаш треба сами да си ги создадеме шансите