| четврток, 6 декември 2018 |

Заев призна: Рејтингот на Груевски не опаѓа, тој сѐ уште води високо на анкетите

Премиерот Никола Груевски и владејачката ВМРО-ДПМНЕ се со поголема поддршка меѓу граѓаните. Груевски високо опстојува на анкетите и неговата поддршка не опаѓа. Ова синоќа во гостување во емисија на телевизијата „Алсат-М“ го изјави опозицискиот лидер Зоран Заев, кој призна дека според реjтинзите и анкетите ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ.

Груевски опстојува на анкетите високо. Да, веќе сме исто, приближени, но прашањето е зошто не паѓаат? – вели Заев во емисијата „360 степени“.

Ваквото признание кое доаѓа директно од опозицискиот лидер  покажува дека неговите таканаречени бомби и целото деструктивно сценарио со кое се држи во залошништво државата е отфрлено од граѓаните и не наидува на поддршка кај народот, а самиот Заев е свесен за тоа и сам вели дека довербата во Груевски и во ВМРО-ДПМНЕ не се намалува.

Познавачите коментираат дека токму ова е главната причина зошто Заев бега од избори бидејќи и самиот е свесен дека ја нема поддршката од мнозинството граѓаните и токму поради тоа оди на уривање на разговорите поставувајќи нереални барања кои во никој случај не би можеле да бидат прифатени, туркајќи ја државата кон уште поголема криза.

Експертите многу пати досега укажуваа дека  намерното уривање на разговорите значи свесно бегање на Заев од избори. Според нив, Заев не посакува решавање на политичата криза бидејќи  ако таа се реши, опозицијата е свесна дека за неполна година ги очекува гласот на народот, каде што се сигурни дека ќе изгубат на тие вонредни парламентарни избори, што воедно се потврдува и со признанието на Заев искажано синоќа.

На ова предупреди и премиерот Никола Груевски во изјавата од Брисел, каде што рече дека Заев ниту сакал да постигне договор, ниту пак дошло до тоа, затоа што лидерот на СДСМ не дошол да се договори, затоа што договорот ќе значи чист пат за предвремени избори на кои тој треба да се соочи со народот.

Човекот се плаши од избори. Тој знае дека на наредните избори ќе доживее тешко фијаско, дека СДСМ ќе го доживее најголемиот пораз  досега. Ни договор сака да постигне ни избори сака да има. Не само со Никола Груевски, треба со два милиона гласачи на Македонија да се соочи. Не, тој сака обратно. Да не се случат така брзо изборите, да пропаѓаат вака преговорите за да се одложат и изборите кои минатиот пат се договорија и истовремено економијата да трпи. Доаѓањето на нови инвеститори да се забави или да прекине, да не се отвораат нови работни места, да почне да тоне економијата…И тој тука верува дека ќе го најде својот спас политички – рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top