Поранешниот македонски првак Металург создава нов тим за настап во Лигата на шампионите, а првите ластовички во таборот на составот од Автокоманда се австрискиот репрезентативец Јанко Божовиќ и поранешниот ракометар на Загреб, Марко Матиќ.
Божовиќ ќе потпише тригодишен договор со Металург, а тој игра на позицијата десен бек. Иако е родум од Бар, Црна Гора, 204 сантиметри високиот бек игра за Австрија, селекција за која има 197 настапи, комбинирани со 87 погодоци.
Покрај него, металурзите се засилија и со поранешниот лев бек на Загреб, Матиќ. Тој е висок 202 сантиметри и има настапувано и за хрватската репрезентација.
Металург доби сигнал од ЕХФ за настап во Лигата на шампионите и следната сезона, а услов е да се направи конкурентен состав за натпреварување со ракометната елита на стариот континент. Од клубот ги пратија сите неопходни гаранции дека ќе ги исполнат условите за продолжување на континуитетот од настапи во ЛШ. Металург двапати играше четврт-финале во најсилното клупско европско натпреварување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.