| четврток, 6 декември 2018 |

Матиќ одби да го носи симболот кој е важен за Англија: Ми ја бомбардиравте земјата, нема шанса да го носам тоа

Немања Матиќ, српскиот репрезентативец, на вчерашниот меч против Бурмаут, беше единствениот играч кој на својот дрес  немаше „црвен цвет“, симбол со кој во Англија им се оддава почит на загинатите англиски војници во Првата светска војна.

Постапката на Матиќ предизвика бура од реакции на Островот, многумина на социјалните мрежи изразија бес, додека во Јунајтед беа затекнати.

Како шти пишува српски „Телеграф“ на Матиќ луѓето од клубот на дресот пред почетокот на натпреварот му го залепиле цветот, по што фудбалерот прашал што е тоа. Кога му објасниле дека тоа е знак на оддавање почит на загинатите британски војници, меѓу другото и во НАТО мисиите, тој одбил да ги послуша и така да излезе на терен. Тој го фрлил цветот и рекол:

– Ми ја бомбардиравте земјата, нема шанса да го носам ова. Ако треба подготвен сум веднаш да го напуштам клубот и Англија, им соопштил Матиќ на луѓето од клубот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top