| четврток, 6 декември 2018 |

Иран нема да дозволи пристап до своите воени објекти

Iranian Armed Forces mark Sacred Defense WeekТехеран нема да дозволи пристап на меѓународните инспектори до своите воени објекти иако тоа биде во спротивност со меѓународниот Договор за неразвивање нуклеарно оружје, изјави вчера иранската армија.

– Инсистирам на тоа дека ниту една дозвола нема да биде издадена за пристап до воените објекти, дури и тоа да биде спротивно на меѓународните договори – изјави иранскиот генерал Масуд Џазајери.

Во дополнителниот дел на меѓународниот Договор за неразвивање нуклеарно оружје, што Иран го усвои, се дозволуваат изненадни инспекции на нуклеарни постројки, како и редовни посети на нуклерани локации. Иранските власти сметаат дека таков пристап е можен само во исклучителни ситуации поради што на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) е потребно специјално барање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top