Министерството за надворешни работи на Иран ги осуди нападите на Сирија, кои се случија рано наутро. Нападите ги извршија САД, Британија и Франција. Иран предупредува дека Вашингтон и неговите сојузници ќе сносат одговорност за последиците во регионот и пошироко.
– САД и нивните сојузници кои презедоа воена акција против Сирија, без било какви докази, ќе сносат одговорност за регионалните и трансрегионалните последици на овој ризичен потфат – се наведува во соопштението од Иран.
Иранскиот претседател Хасан Рухани предупреди дека воениот удар што го предводи САД ќе доведе до деструкција на Блискиот Исток.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.