Техеран нема да дозволи пристап на меѓународните инспектори до своите воени објекти иако тоа биде во спротивност со меѓународниот Договор за неразвивање нуклеарно оружје, изјави вчера иранската армија.
– Инсистирам на тоа дека ниту една дозвола нема да биде издадена за пристап до воените објекти, дури и тоа да биде спротивно на меѓународните договори – изјави иранскиот генерал Масуд Џазајери.
Во дополнителниот дел на меѓународниот Договор за неразвивање нуклеарно оружје, што Иран го усвои, се дозволуваат изненадни инспекции на нуклеарни постројки, како и редовни посети на нуклерани локации. Иранските власти сметаат дека таков пристап е можен само во исклучителни ситуации поради што на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) е потребно специјално барање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.