| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува кампањата „Лето без пожари“

позар
На платото пред жичницата на Средно Водно, денеска ќе  започне реализацијата на кампањата „Лето без пожари“.Основна цел на оваа кампања е заштита и зачувување на зелените шумски површини, земјоделско земјиште, ливади и пасиштата од пожари во текот на летниот период, преку подигање на свеста на граѓаните за ризиците од појава на пожари и штетите од нив и на тој начин зајакнување на довербата и соработката меѓу полицијата и граѓаните.Активностите ќе се реализираат на тој начин што од страна на полициски службеници, на претходно избрана локација, ќе им укажува на граѓаните за ризиците од пожар и штетите од евентуалната негова појава.

Како што е најавено, по краткото укажување во однос на совесно однесување и почитување на позитивната законска регулатива, на граѓаните ќе им биде поделен и соодветен пропаганден материјал, со цел создавање однос кон полицијата како кон субјект кој делува во насока на заштита и помош.

Активностите ќе продолжат во текот на летниот  период на повеќе локации на подрачјето на СВР Скопје, каде што има зголемена фреквенција на луѓе и возила, а со самото тоа и зголемен ризик од предизвикување пожари, но и големи можности за постигнување  на планираните резултати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top