Како што е најавено, по краткото укажување во однос на совесно однесување и почитување на позитивната законска регулатива, на граѓаните ќе им биде поделен и соодветен пропаганден материјал, со цел создавање однос кон полицијата како кон субјект кој делува во насока на заштита и помош.
Активностите ќе продолжат во текот на летниот период на повеќе локации на подрачјето на СВР Скопје, каде што има зголемена фреквенција на луѓе и возила, а со самото тоа и зголемен ризик од предизвикување пожари, но и големи можности за постигнување на планираните резултати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



