Не треба да сте многу паметни за да констатирате некои објективни факти кои што се поврзуваат со политичкото однесување на лидерот на СДСМ, но и на неговите учители од СОРОС.
Ова го истакна универзитетската професорка Тања Каракамишева- Јовановска, во Вестите на Сител, одговарајќи на прашањето- Зошто пропаднаа преговорите во Брисел.
– Јас ќе го поврзам однесувањето на лидерот на СДСМ и неговите учители со една народна поговорка дека „Нити се водат, нити се тераат“, едноставно сите овие месеци како што се однесуваат и делуваат на политичката сцена во Македонија, покажува еден јасен факт, а тоа е дека лидерот на СДСМ нити сака да се реши политичката криза, едноставо сака да ја остави да трае уште многу време, затоа што тие знаат да се однесуваат само во услови на криза, знаат да ќарат политички поени… Доколку се реши политичката криза, тие се свесни дека за неполна година ги очекува гласот на народот, каде што се сигурни дека не само што ќе изгубат туку катастрофално ќе изгубат на тие вонредни парламентарни избори, вели Каракамишева.
Нивното сценарио, според Каракамишева, е да ја задржат политичката криза што подолго и да создадат состојба во која тие ќе бидат главните играчи.
-Ова сериозно ќе се одрази врз евроатлантската интеграција на државата и извештајот што следи, додава таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ја турка ли СДСМ државата во меѓународен блам?
-
СДСМ ВО 2014: Ерга омнес е неприфатливо
-
Тања Каракамишева: Знае ли точно Камбовски колку прекршувања на Уставот и на законот за референдум се направени со фалично донесената одлука?
-
СДСМ: Граѓаните се за светла иднина, само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат јасен став за референдумот