Професорката Тања Каракамишева на својот фејсбук профил се осврна на притисоците кои се вршат врз граѓаните кои нема да ја почитуваат одлуката за референдум.
-Гледам го пуштиле Камбовски на најјако да им се заканува на луѓето по медиуми дека ќе сносат кривична одговорност ако не ја почитуваат одлуката за референдум донесена од Собранието на РМ!
Но, професоров и академик, свесно или несвесно, заборава да потсети дека на ЗАКОНИТО донесена одлука од страна на Собранието во 2004 година, тогашното раководство на СДСМ претставено преку Радмила Шеќеринска, Владо Бучковски, Борис Кондарко и други пулени се потепа да ги убеди граѓаните да не излегуваат да гласаат затоа што референдумското прашање не заслужувало одговор!
Во што ја гледа разликата Камбовски меѓу таа партиска и организирана агитација во 2004 за негласање на референдум со оваа денес?
Нема никаква разлика, освен едно големо и правно мошне сериозно прашање што мора да биде разрешено од страна на Уставниот суд!
За разлика од 2004 година кога собраниската одлука беше донесена согласно Устав и закон, сега во 2018 Собранието донесе одлука за распишување на референдум која е НЕУСТАВНА И НЕЗАКОНСКА!
За жал Уставниот суд се уште молчи за ова прашање, бидејќи е свесен дека треба да ја поништи одлуката!
А ако се одлучи да ја поништи кој знае какви уцени и закани од власта до судиите ќе пристигнат бидејќи е јасно дека само така функционира оваа владеачка камарила!
Знае ли точно Камбовски колку прекршувања на Уставот и на законот за референдум се направени со фалично донесената одлука?
Знае ли Камбовски дека неуставна и незаконска одлука не може да произведе правни дејствија?
Или тоа не е важно за него, важни му се, како и секогаш до сега, вечните ЛИЧНИ ИНТЕРЕСИ!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Каракамишева: Волку да не те сака народ како што не го сакаат Заев, а него буквално да не го боли уво заради тоа може да се смета за сериозна патолошка болест
-
Каракамишева: Овој Договор е најгеноцидниот документ за Македонците во поновата историја
-
Каракамишева: Не е време за пеење, ниту има причина за радување!
-
Овој срам што ни го приредивте ќе си го платите