| четврток, 6 декември 2018 |

Трета среќа за Металург против Киелце

Македонскиот ракометен шампион Металург ќе игра против Киелце, по третпат сезонава, овојпат во четвртфинален двомеч во Лигата на шампионите. Нашиот првак ги загуби двата претходни дуели во фазата по групи.

– Задоволни сме од ждрепката, го познаваме добро Киелце. На двапати загубивме од овој тим, но бевме рамноправни. Сакаме да се докажеме, играчите се мотивирани и имаат голема желба да се пласираат на завршниот турнир во Германија – рече претставникот на Металург на ждрепката, Зоран Цветановски.

Во Скопје, Металург загуби со 21-23 од Киелце, а во Полска беше 21-20 за противникот. И сега распоредот на натпреварите е ист и прво ќе се игра кај нас, а потоа на гости кај Киелце. И во двата дуели беше неивесно, но полскиот тим славеше. Сега, пред Металург е златна шанса да направи историски ракометен подвиг и да се обиде да се пласира на завршниот турнир, на кој ќе играат четирите најдобри екипи на фајналфор турнирот во Келн на 1 и 2 мај. Ниту еден македонски машки тим во ракомет, претходно не играл во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Во останатите четвртфинални дуели ќе играат, Атлетико Мадрид на Кире Лазаров во шпанското дерби со Барселона, Кил со Веспрем и  во германската пресметка Фленсбург против Хамбург. Првите дуели се на програмата од 17. до 21. април, а реваншите се во периодот од 24. до 28.април.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top