„Република“ објави дека дури 13.074 гласачи во Скопје што го оствариле своето право на глас гласале неправилно. Неважечки се 4,69 проценти од 278.661 гласачки ливчиња. Главно, во скопските општини е највисок процентот на гласачки ливчиња кои според Државната изборна комисија се неважечки. Во Гази Баба процентот на неважечки гласачки ливчиња е највисок – 6 проценти или 2.322 од 37.610 ливчиња не се правилно заокружени. Во Кисела Вода, Бутел, Ѓорче Петров, Илинден, Шуто Оризари процентот на неважечки ливчиња се движи од 5 до 6 проценти. Во Кисела Вода 1.802 гласачи од 33.393 што го оствариле своето право неправилно, во Бутел 525 од 9.880 кои ја исполните законската обврска, а во Ѓорче Петров 1.162 од 23.323 ливчиња се неважечки. Висок е и процентот на неважечки ливчиња во скопските општини Аеродром и Центар. Во Аеродром 4,69 проценти или 2.133 од вкупно 42.929 ливчиња се неважечки, а во Центар 1.231 од 25.243 гласачки ливчиња или 4,9 проценти.
Еве како изгледаат гласачките ливчиња:
Многумина гласале и за еден од најпопуларните корисници на социјалните мрежи, Бетмен Велит:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.