| четврток, 6 декември 2018 |

Човечиња во боја, облачиња, мачиња и гласови за Бетмен Велит

7D90754F425FE44486832760FE758A41

„Република“ објави дека дури 13.074 гласачи во Скопје што го оствариле своето право на глас гласале неправилно. Неважечки се 4,69 проценти од 278.661 гласачки ливчиња. Главно, во скопските општини е највисок процентот на гласачки ливчиња кои според Државната изборна комисија се неважечки. Во Гази Баба процентот на неважечки гласачки ливчиња е највисок – 6 проценти или 2.322 од 37.610 ливчиња не се правилно заокружени. Во Кисела Вода, Бутел, Ѓорче Петров, Илинден, Шуто Оризари процентот на неважечки ливчиња се движи од 5 до 6 проценти. Во Кисела Вода 1.802 гласачи од 33.393 што го оствариле своето право неправилно, во Бутел 525 од 9.880 кои ја исполните законската обврска, а во Ѓорче Петров 1.162 од 23.323 ливчиња се неважечки. Висок е и процентот на неважечки ливчиња во скопските општини Аеродром и Центар. Во Аеродром 4,69 проценти или 2.133 од вкупно 42.929 ливчиња се неважечки, а во Центар 1.231 од 25.243 гласачки ливчиња или 4,9 проценти.

Еве како изгледаат гласачките ливчиња:

233C9D7A7BE55E4DB97ED733B495D284

фото: Вечер

Многумина гласале и за еден од најпопуларните корисници на социјалните мрежи,  Бетмен Велит:

betmen velit1 betmen velit

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top