Македонскиот ракометен репрезентативен голман Никола Митревски го напушти Металург и потпиша за португалскиот тим Бенфика. Поргугалскиот тим денеска се пофали со новото засилување на својата веб-страница.
– Потпишав за Бенфика бидејќи знам дека е еден од најголемите клубови во Португалија. Тоа е тим со голема традиција и секога се стреми кон највисоки дострели во домашниот шампионат што, исто така, е и моја амбиција. Овде навивачите имаат ист менталитет како и во Македонија. Знам дека има многу добри играчи, затоа ќе ми биде задоволство да бидам дел од овој тим. Можам да ветам дека ќе се борам на секој натпревар и ќе се трудам да им донесам радост на навивачите – изјави Митревски за клупскиот веб-сајт.
Никола Митревски е седмиот репрезентативец на Македонија кој го напушти поранешниот македонски шампион Металург. Пред него од полусезоната наваму тоа го сторија и Манасков, Георгиевски, Јоновски, Миркуловски, Мојсовски и Вугринец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.