Борците на ИСИС ги продаваат киднапираните тинејџерки на пазар за бело робје понекогаш и за само кутија цигари, изјави специјалната пратеничка на ОН за прашање во врска со сексуалното насилство Заинаб Бангур.
Таа во текот на април ги посетила Ирак и Сирија и од тогаш работи на акционен план за решавање на проблемот со страшното сексуално насилство кое го спроведуваат џихадистите.
– Тоа е војна која се води преку телата на жените, рекла пратеничката која до податоците за сексуалното насилство дошла во разговор со жени и девојки кои побегнале од заробените подрачја под контрола на ИСИС, со локалните верски лидери и за време на посетата на бегалците во Турција, Либан и Јордан.
Тие киднапираат жени кога освојуваат некое подрачје, за да имаат, не би сакала да тоа да го наречам, свежи залихи, но така добиваат нови девојки, истакнува Бангура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.