| четврток, 6 декември 2018 |

Џихадистите на ИСИС продаваат жени и за кутија цигари

Ezidi-women-kidnapped-by-ISISБорците на ИСИС ги продаваат киднапираните тинејџерки на пазар за бело робје понекогаш и за само кутија цигари, изјави специјалната пратеничка на ОН за прашање во врска со сексуалното насилство Заинаб Бангур.

Таа во текот на април ги посетила Ирак и Сирија и од тогаш работи на акционен план за решавање на проблемот со страшното сексуално насилство кое го спроведуваат џихадистите.

– Тоа е војна која се води преку телата на жените, рекла пратеничката која до податоците за сексуалното насилство дошла во разговор со жени и девојки кои побегнале од заробените подрачја под контрола на ИСИС, со локалните верски лидери и за време на посетата на бегалците во Турција, Либан и Јордан.

Тие киднапираат жени кога освојуваат некое подрачје, за да имаат, не би сакала да тоа да го наречам, свежи залихи, но така добиваат нови девојки, истакнува Бангура.

Џихадистите девојките некогаш ги продаваат за само една кутија цигари, а некогаш за повеќе стотини или за илјада долари.

– Некои од нив се заклучени во една соба, а понекогаш ги чуваат повеќе од сто во мала куќа. Потоа ги соблекуваат голи и ги бањаат. Потоа девојките се принудени да стојат пред група мажи кои проценуваат која колку вреди, вели Бангура.

Киднапирањето девјки станало клучен дел од стратегијата на ИСИС за регрутирање на странски борци кои во текот на последните 18 месеци во рекордни бројки патуваат во Ирак и Сирија за да се борат на страната на џихадистите.

– Тие така привлекуваат млади мажи, така што им говорат дека во ИСИС ги чекаат жени, девици, кои можат да ги оженат, објаснува претставничката на ОН.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top