| четврток, 6 декември 2018 |

Ван дер Варт си најде нов клуб

Холандскиот интернационалец Рафаел ван дер Варт најде нов клуб и кариерата.
Според информациите кои ги пренесе германски „Билд“ холандскиот фудбалер од редовите на Хамбург ќе се пресели во Шпанија и ќе настапува во Премиер лигата.

Тој по завршувањето на договорот со Хамбург кој истекува на 30.јуни ќе отпатува за Севилја и ќе потпише тригодишен договор со повратникот во елитата, екипата на Бетис.

Ван Дер Варт ќе стане најплатен фудбалер на Бетис следната сезона, но детали од договорот не се обелоденети.

Интересно е што самиот фудбалер изјави дека кариерата со сигурност ќе ја заврши во нисколигашот Кадиз бидејќи неговиот дедо по мајка е жител на тоа место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top