Синоќешниот пораз од тимот на Бетис го оддалечи Реал Мадрид цели 7 бода од лидерот на табелата Барселона, а овој натпревар што поскоро ќе сака да го заборави првата ѕвезда на тимот, Кристијано Роналдо.
Целата екипа на Реал имаше 27 шута кон противничкиот гол, од нив седум пати во рамката, но не успеа да го совлада Антонио Адан.
На Роналдо, пак, од тие 27 удари му припаѓаат дури 12. Ако се суди само по тој податок поврзан со реализацијата, овој натпревар е најлошиот за Роналдо во последниве две години. Потешка ноќ имал само во во септември 2015 година, кога на Малага ѝ шутнал 14 пати и не успеал да постигне гол. Тогаш, барем, Реал не загубил, туку остана на 0-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)